Со оваа диета ослабела 10 кг за два месеци: Карлеуша има топ затегнато тело, а оваа намирница не ја јаде никогаш!

Јелена Карлеуша е една од најатрактивните пејачки, а на нејзиното извајано тело и занесни облини и позавидуваат и најголемите светски ѕвезди. Сепак, совршеното тело не дојде само по себе, а познато е дека Јелена не јаде месо, и дека внимателно ги избира намирниците кои ќе ги внесе во своето тело.

Покрај тоа што е доследна на веганската исхрана, пејачката избегнува слатки, а истакнала и дека никогаш не пиела кафе.

– Никогаш не сум болна и верувам дека за тоа е заслужна исхраната без месо. Јадам многу овошје и зеленчук. Многумина ќе се изненадат, но јас никогаш не сум пиела кафе. Пијам три литри вода дневно, а слатко презирам. Сето тоа придонесува за мојата витка линија – изјави таа во една прилика за „Хит Информер“.
Пејачката во тешките периоди низ кои минувала посегнала по храната, па во еден момент имала вишок килограми, но за два месеци успеала да ослабе 10 килограми.
– Со години поради стрес претерував и се здебелив. Еден ден се разбудив и реков: „Доста е! Твоето тело не е канта за ѓубре.“ Побарав помош од нутриционист, кој ми ги поправи сите грешки и почнав да се хранам здраво. Сега често јадам посен зеленчук кој го обожавам, кисели краставички и подварак без месо. Со таква диета ослабев 10 килограми за два месеци – изјавила тогаш Јелена.

ПРВ ДЕН
Појадок: Кашкавал со малку маснотии 400 грама, две кришки интегрален леб, салата
Ужина: две јаболка
Ручек: Грашок со зеленчук околу 400 грама и салата
Вечера: Салата со тиквички

ВТОР ДЕН
Појадок: 4 лажици овесна каша, овошен микс, чиа семе
Ужина: 300 грама цреши
Ручек: Печена боранија со зеленчук, салата
Вечера: Кисело млеко 360 милилитри и салата

ТРЕТ ДЕН
Појадок: Мафини со тиквички, салата
Ужина: Витаминска салата со црвена зелка
Ручек: Печурки со зеленчук
Вечера: Смуди од зеленчук

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.