среда, 25 ноември 2026
Најново

Со оваа финта секогаш ќе ги изберете најслатките цреши од пазар

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Омилено летно овошје на сите им се црешите, а веќе е сезона и ги има и по маркетите, па експертите открија како да го изберете највкусното овошје.

Квалитетот на црешите можете да го проверите само по нивниот изглед или мирис, а експертите советуваат да изберете полесни, сочни овошја кои немаат оштетувања на површината или брчки на кожата.
„Внимавајте на бојата: таа варира од сорта до сорта, но во секој случај треба да биде „силна”. Кога ќе се притисне, црешата треба да ја задржи својата густина. Ако е мека, тогаш е или презрела или расипана”, велат тие.

Според професорката по агрономија, Ирина Махонина, важно е да се внимава на кожата.
Ако овошјето се чува во пластична кеса, тогаш на неговата површина не треба да има знаци на влага. Во спротивно, тоа ќе го забрза расипувањето и ќе го скрати нивниот рок на траење.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Зошто е добро да се јадат цреши?
Сочни, слатки, богати со витамините Ц, А и Е, црвените, розовите и жолтите цреши се пријатни за око и желудник. Нутриционистите ги препорачуваат во неограничени количини бидејќи го чистат телото од токсини и не го иритираат желудникот.

Го нормализира притисокот
Црешата има исклучително месести и слатко овошје кое е одличен извор на калиум, железо, цинк, бакар и манган. Калиумот е минерал кој е важен за правилното функционирање на срцето и го одржува крвниот притисок на нормално ниво.

Поврзани вести