Со оваа хрватска пејачка Аркан признал дека го имал најдобриот секс во животот – романсата не им траела долго…

Една од најпознатите хрватски музички ѕвезди Дорис Драговиќ речиси ја познава целиот регион, со самиот факт што во Југославија била една од најпосакуваните млади пејачки.
Низ годините таа освен хитовите зад себе има оставено и многу афери, скандали како и чаршиски муабети, но една од сите овие афери се уште ја паметат сите.
Имено таа по доаѓањето во Белград се запознала со Жељко Ражнатовиќ Аркан и започнала врска со него.


„Аркан и Дорис се запознаа низ Белград, знам дека јас не ги запознав. Кога јас дојдов во еден ноќен клуб, тие двајца веќе беа дојдени, Дорис потоа негираше во хрватските медиуми, но беше тоа голема афера. Објавени беа и фотографии како седеа на сепаре заедно“, раскажал во една прилика Небојша Тубиќ Жабац.
Тој неодамна раскажал и дека прво тој бил во врска со пејачката, а потоа Аркан потполно полудел по неа.
„Кога Аркан конечно спиеше со нејзе, ми рече дека тоа бил најдобриот секс во неговиот живот. Бил потполно маѓепсан од таа жена, ми рече дека таа не е нормална женска, туку врв над врвовите“, додаде тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.