Дали станува збор за најдоброто превозно средство за движење низ град?
Овие моторизирани чевли односно додатоци за чевли, се нарекуваат „Moonwalkers“, а кога ќе видите снимка од нивниот тест, ќе ви биде јасно и зошто се нарекуваат токму така.
Станува збор за целосно нов облик на личен транспорт кој и понатаму бара од корисникот да оди, но со значително поголема брзина.
Конкретно, користејќи го производот „Shift Moonwalkers“ ќе се движите 250 отсто побрзо. Овој изум беше претставен минатата година од страна на „Shift Robotics“ со цел собирање на околу 90.000 долари за завршување на развојот и отпочнување на неговото производство. Беа собрани 329.000 долари, а првиот пар е веќе испорачан на купувач.
На изглед потсетуваат на класични ролерки. Меѓутоа, секоја „ролерка“ има 10 тркала кои се движат со помош на електромотор. Нивната работа се следи со сензори, а притоа левиот и десниот чевел меѓусебно комуницираат и разменуваат податоци.
Судејќи по видеото, во пракса системот одлично функционира. Максималната брзина која може да се достигне е 11 км/ч., а притоа за запирање им е доволно нешто повеќе од еден метар. За качување по скали не треба да бидете акробати, а во нив можете да одите и по нерамен терен како што е градскиот асфалт полн со дупки. Батериите се полнат преку USB-C приклучок за 90 минути и овозможуваат досег од 10 километри.
Моменталната цена на „Shift Moonwalkers“ изнесува 1399 долари.