Со овој рецепт ќе ги намалите посетите кај докторот

Се повеќе доктори јавно истакнуваат дека комбинацијата од мед, ѓумбир и лимон е толку лековита и дека толку го зголемува имунитетот, така што покрај оваа домашна смеса никогаш нема да ви бидат потребни лековите за настинка и грип, но и за некои други болести.
Состојки: 2 лимони, 1 среден корен од ѓумбир, 500 гр домашен мед
Подготовка: Лимонот измијте го убаво и исцекајте го на кругчиња. Ѓумбирот олупете го и исецкајте го на кришки, па се ставете во чиста стаклена тегла од 1 литар. Овие намирници полијте ги со медот, но не до крајот на теглата. Оставете ја да отстои еден ден (лимонот и ѓумбирот ќе пуштат сок).


Затворете ја теглата и ставете ја во фрижидер долго време, додека смесата ќе стане како желатин, разблажете ја со малку зовриена па малку оладена вода (по желба).
Дневната доза за возрасни е 2 лажици дневно, а за деца 1-2 лажички. Оваа смеса можете да ја додавате и во чај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.