СО ОВОЈ ТРИК ЌЕ ЗАБОРАВИТЕ НА БРУСХАЛТЕРИТЕ: Ова парче облека ги иритира сите жени, а поради една тиктокерка никогаш повеќе нема да ви затреба!

Корисничката на „TikTok“ на корисничкото име @Nipsey Daisy на платформата стана вирална откако на своите следбеници им откри неколку едноставни чекори за користење леплива лента за гради, благодарение на која, како што таа тврди, никогаш повеќе нема да ви треба градник.
Нејзиниот моден трик на социјалните мрежи го погледнале речиси три милиони луѓе, а објасни дека лентата што ја користи не е само селотејп, туку лента за гради или „трака за гради“ од мека ткаенина, која во последно време стана вистински хит на годината.

@nipseydaisy

Reply to @headzenmigraine strapless! Tape straight across while holding your girls together to get the support you need.

♬ Rose Tea – Curtis Roach


– Ова е еден од најдобрите изуми на човештвото, а овозможува градите да се кренати цел ден и да изгледаат пополни и без неудобен градник! – напиша на својот Инстаграм профил една позната актерка, која како и многу нејзини колешки се колне во овој производ.
Но, иако предметот стана неизбежен летен дел од гардеробата на многу жени, некои сè уште не знаат како правилно да го користат бидејќи постојат различни упатства за различни комбинации на облека. Токму затоа во своето хит видео Нипси Дејзи одговори на најчестото прашање „како да ја носите траката со фустан или маица без прерамки“, а инструкциите се прилично едноставни.
Важно е, вели таа, да изберете лента кој одговара на бојата на вашата кожа и да ја поставите хоризонтално над и под брадавиците. Според нејзиниот туторијал, не треба да ја залепите на грб, бидејќи само пребрзо ќе ја потрошите. Тааа го залепи над и веднаш под брадавиците, а кога се облече лентата не се гледаше.
Во друго видео, лентата ја носеше под розов фустан со длабоко деколте, а наместо хоризонтално, ја залепи лентата вертикално, почнувајќи под градите и преку двете гради до клучната коска.

@nipseydaisy

You just have no choice but to be thaaaaat girl

♬ Meg Thee Stallion is THAT girl – E! News


Бидејќи некои корисници се пожалија дека нивното отстранување е прилично непријатно и болно искуство, рече дека пред да ја ставите на кожата, треба да нанесете малку кокосово масло или обична топла вода – за да се „скрши“ лепилото и да се олесни отстранувањето од кожата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.