Со помош на кафето можете да се ослободите од комарците

Љубителите на кафето имаат помал ризик од развој на рак и срцеви заболувања. Некои истражувања сугерираат и дека консумирањето кафе го намалува ризикот од депресија. Сепак, покрај добриот вкус, кафето е исто така корисно во домаќинството.
Кафето содржи дитерпени кои можат да бидат токсични за инсектите. Затоа, можете слободно да го користите против комарци, муви и други штетници во вашиот дом. Оставете неколку зрна близу до местото каде што се собираат и по некое време тие повеќе нема да бидат околу вас.
Освен ова, можете да им дадете живот и на цвеќињата. Кога ќе ставите букет свежи цвеќиња во вашиот дом за да траат подолго, ставете кафе во водата. На некои растенија ова им доаѓа многу добро поради магнезиумот и калиумот што се наоѓа во приготвуваното кафе.


Кафето може да го освежи мирисот на вашиот тепих исто како и содата бикарбона. Ставете кафе на тепихот и оставете го преку ноќ. Наутро исчистете го со правосмукалка.
Со кафето исто така можете да ги чистите и вашите садови. Ставете една лажичка кафе на сунѓерот, тријте ги садовите, а потоа измијте ги нормално.
Ако имате проблеми со мирисот во чевлите, тогаш ставете кафе, бидејќи тоа содржи азот кој помага да се ослободите од лошите мириси.
Во зима, кафето може да биде одлична замена за солта, па слободно ставејте го на замрзнатата патека.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.