Со помош на САД Косовската армија станува помоќна од Македонската!

Кадри Весели, претседателот на косовскиот Парламент за „Газета експрес“ рекол дека Приштина ќе добие нова воена опрема која ја донирале Соединетите американски држави и дека започнале со набавка на опрема и оклопни возила.
„САД се наш најзначаен партнер. Ни даваат поддршка во вoopужување и тоа само што почнува. Ќе имаме околу 250 оклопни возила. Тие пристигнуваат. Ќе имаме и друго вoopужување за одбрана на нашиот воздушен и копнен простор“, рекол Весели, пренесува “Танјуг“.
Весели тврди дека доктрината на Приштина не е агресивна. Тоа била доктрина на партнерство, добрососедство и „исполнување на обврската која Косово ја презема со своите меѓународни партнери, на полето на глобалната безбедност“, додавајќи дека војската формирана на 14. декември, претставува продолжение на ОВК и ќе брои околу 5.000 активни војници.

Пронајдете не на следниве мрежи: