Чистењето на стаклените површини, како што се огледалата и прозорците, може да биде вистински предизвик, особено ако сакате да постигнете беспрекорна чистота без да оставите непријатни траги или дамки.
Многумина од нас се потпираат на комерцијални спрејови за чистење стакло, но тие често содржат хемикалии кои можат да бидат штетни за здравјето. За таа цел често користат состојки како лимон, оцет и сода бикарбона.
Сепак, постои уште една изненадувачка и ефикасна состојка што треба да ја додадете во вашата листа – чајот.
Чајот не само што е совршен за релаксација, туку може да послужи и како исклучително ефикасно средство за чистење. Неговите адстрингентни својства го прават одлична алатка за полирање на валкани и правливи ретровизори, а резултатот ќе биде беспрекорно чиста и сјајна површина. Овој трик со чај делува подобро од многу комерцијални средства за чистење стакло, а се што треба да направите е да испрскате и избришете.
За да направите природно средство за чистење, ставете кесичка чај во топла вода и оставете ја да отстои околу пет минути. Оваа напивка можете да ја користите за чистење, па дури и веќе искористени кесички, иако можеби ќе треба да почекате уште малку за да ја постигнете саканата јачина. Откако чајот ќе се олади, истурете го во шише со распрскувач и спремни сте за чистење.
Попрскајте ладен чај на огледалото, а потоа избришете го со хартиена крпа или крпа од микрофибер. Чајот ќе ја отстрани сета нечистотија, оставајќи ја површината беспрекорно чиста и сјајна, без траги. Покрај тоа, суптилниот мирис на чај може пријатно да го освежи просторот, без интензивните мириси кои често доаѓаат со комерцијалните производи за чистење.