Со попски благослов ќе возат трите блиндирани возила на бугарската безбедносна служба

Националната служба за безбедност на Бугарија набави три нови блиндирани патнички автомобили од висока класа.

Возилата што ги набавува НСО, како и сите други оперативни средства на службата, не се наменети за одредено заштитено лице, туку ќе се управуваат како што е соодветно.

Според соопштението на безбедносната служба блиндираните возила ќе ги користи Службата за државна безбедност при обезбедувањето на странски функционери кои ја посетуваат Бугарија, кои согласно законските прописи се во нивна наглежност. Исто така ќе се користат и за обезбедување на претседателот на државата, претседателот на Националното собрание и премиерот на Бугарија.

На свечената церемонија денеска во кругот на НСО благослов дадоа свештени лица од Бугарската православна црква.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.