Со пролетта дојдоа и алергиите: Важни совети за луѓето кои го имаат овој проблем

Најголем пролетен алерген е поленот. Кога поленовите зрна, чии честички се мали и невидливи за голото око, преку воздухот ќе влезат во организмот на некој што е алергичен предизвикуваат активирање на имуниот систем.
Сите со нетрпение ја чекаме пролетта, топлото време и прошетките во природа. Но, за жал, токму пролетта е карактеристичен период од годината за сезонски алергии. Со цветањето на дрвјата поленот се ослободува и разнесува во воздухот, што предизвикува реакции кај луѓето кои страдаат од алергија.
Алергија е пречувствителност на некои супстанци, додека алергиската реакција е одговор на имуниот систем на организмот кон внесените алергиски супстанци. Организамот на алергичните лица бурно реагира на некои појави од нашето природно опкружување кои инаку не се штетни. Носечките супстанци (алергени) кои предизвикуваат алергиска реакција, може да бидат: полен, храна, животни, отров од инсектите итн.
Кај алергиите на полен може да се забележат следните симптоми: кивање, чешање во пределот на носот, грлото и очите, темни кругови околу очите (предизвикани од ограничениот проток на крв околу синусите), насолзени очи, коњуктивитис, ринитис. Некои луѓе, алергични на полен, можат да развијат и астма.
Алергијата во суштина е неправилно функционирање на имунолошкиот систем и класичната медицина не ги лечи алергиите. Сите лекови делуваат на тој начин што ги ублажуваат симптомите на алергија. Таквите лекови ја блокираат реакцијата на имунолошкиот систем.
Избегнувањето на поленот тешко може да се постигне, но следењето на одредени корисни совети може многу да помогне:
Направете тест на што сте алергични и побарајте совет од доктор кои лекови ќе ви ги олеснат симптомите;
Престојувајте подолго во затворен простор во текот на сезоната кога цветаат растенија на чии полени сте алергични, а дождливите денови одберете ги за прошетка;
Секогаш носете очила за сонце за да ги заштите очите од поленот;
Држете ги прозорците во домот затворени, а посебно во автомобилот, кога концентрацијата на поленот од тој вид е висока.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.