Со снегот во регионот стигнаа и невољите

Утринава и Подгорица се разбуди под снег. Според податоците на црногорскиот Хидрометеоролошки завод, во главниот град на Црна Гора паднале 7 сантиметри снег.
Возачите се предупредуваат да бидат внимателни, затоа што сообраќајот низ главниот град се одвива отежнато, а откажани се и авионски летови.
Најмногу снег има натрупано во Жабљак, каде се измерени 47 сантиметри снежа покривка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.