СО ТУЃА КАРТИЧКА СИ ПОЛНЕЛ ГОРИВО ВО ФРАНЦИЈА: Ги „хакирал“ податоците

СВР Штип поднесе кривична пријава против К.С.(54) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”.

Пријавениот, набавил податоци од картичка за точење гориво, сопственост на приватна фирма, по што ги злоупотребил податоците и извршил две трансакции на бензинска станица во Франција, со што нанел материјална штета на правното лице во износ од 123.790 денари.

Пронајдете не на следниве мрежи: