Со филмот „Големиот Гетсби“ се отвора Канскиот фестивал

 Филмот „Големиот Гетсби“ во режија на Австралиецот Баз Лурман, ќе го отвори годинешниот меѓународен филмски фестивал во кан, соопштија организаторите во вторник.Филмот е снимен во 3D техника, а главна улога игра Леонардо ди Каприо.Во новата филмска адаптација на романот на Френсис Скот Фицџералд од 1925 година играат Тоби Мегваер и Кери Малиган.Според романот „Големиот Гетсби“ снимени се четири филма.Првиот датира од 1926 година, а последниот телевизиски е од 2000 година.Најпознатата верзија е од 1974 година, со Роберт Редфорд и со Миа Фароу во главните улоги.Холивудскиот режисер Стивен Спилберг ќе биде претседател на жирито на овогодишниот кански фестивал, кој ќе трае од 15 до 26 мај.
Макфакс Филмот „Големиот Гетсби“ во режија на Австралиецот Баз Лурман, ќе го отвори годинешниот меѓуна

Пронајдете не на следниве мрежи: