Со чепкање во носот ризикувате да заболите од оваа болест

Чепкањето во носот со прстите, може да ви го загрози здравјето и да ви пренесе пневмонија, предупредуваат научниците.
Бактеријата која предизвикува смртоносна инфекција, може да се пренесе доколку луѓето го чепкаат или бришат носот со раце, каде всушност се наоѓаат бактериите. Експертите велат дека е невозможно да ги спречите децата да го чепкаат носот, но може да ги спречите возрасните да го прават тоа и да не ги изложуваат децата на ризик.
Болеста убива милиони луѓе секоја година и опасна е како за младите, така и за старите, а особено за оние со ослабнат имунитет. Бактеријата обично се пренесува преку кивање или кашлање. Четири групи со по 10 возрасни се тестирани и тие имале мокри и суви бактерии на нивните раце, со кои го чепкале носот и ги мирисале своите раце.


Тие кои имале контакт со мокрите бактерии, имале поголеми шанси да се разболат, но бактеријата во двата случаеви подеднакво добро се ширела помеѓу луѓето. Затоа истражувачите апелираат на родителите да ги чистат детските играчки и нивните прсти, особено доколку се гледаат со роднините кои се постари и имаат рак.
Иако имунолошкиот систем на повеќето луѓе успева да се избори со бактериите и да ги убие, некои сепак добиваат инфекција. Пневмонијата предизвикува оток на белите дробови и малите џебови за воздух можат да се исполнат со течност, со што ќе го намалат нивото на кислород, кој му е неопходен на телото и мозокот.


Лекарите нагласуваат дека пневмонската инфекција, која предизвикува најмногу смртни случаеви, во светот убива 1,3 милиони деца годишно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.