Александра Потер е авторката која стои зад 11 книги кои котираа високо на листата на најпродавани книги во светот, а исто толку е омилена и кај македонската читателска публика.
Родена е во Британија, а моментално живее во Австралија и патува низ светот. Работела како уредник во повеќе магазини, како ELLE, Company, More!, и Cosmopolitan., а потоа се сели во Австралија и работи во австралискиот Vogue и Cleo Magazine. Во тој период започнува и со пишување, првата книга ја пишува во 1999 година, а веќе во 2000 година е издадена и е вистински хит.
Од тогаш, се до денес има издадено 11 книги, големи хитови кои публиката ги обожава. Романтични комедии со интересни заплети, кои никогаш не се здодевни. Читателите ја обожаваат бидејќи многу лесно може да се пронајдат во нејзините приказни и убаво да се насмеат од интересните ситуации во страниците на нејзините книги.
Нејзините книги се објавени и преведени во 21 држава низ светот, воедно и кај нас. ИП Култура има издадено повеќе наслови од оваа авторка.
„Со љубов од Париз“ е втора од серијалот „Љубовниот детектив“, а првата истоимена книга беше преведена и издадена на македонски јазик од ИП Култура. „Љубовниот детектив“ е приказна за Руби Милер која ја губи својата вера во љубовта. Бегството од проблемите на секојдневието таа тргнува на патување во Индија. Потрагата по нејзината сестра, станува патување за пронаоѓање на својата нова љубов.
Сега, во втората книга од серијалот новиот дечко Џек ја остава на аеродромот, Руби Милер ги брише солзите и си купува карта за Париз. Во Париз посетува еден стар пријател, сакајќи да направи пауза. Но, градот на љубовта има сосема други идеи.
Во еден стан каде што и времето застанало, Руби ќе пронајде пакет со изгубени љубовни писма кои ќе ја заробат во една мистерија која трае повеќе од седумдесет години. Кој е авторот на писмата? Зошто сопственикот на станот ги затворил ролетните и избегал од Париз пред војната и никогаш не се вратил? Каква тајна се крие?
Додека мистеријата се продлабочува, животот на Руби се враќа во нормала, а духовите од минатото и љубовната афера нема да можат да ја загрозат.