Собранието на Македонија со 102 гласа “за“, без воздржани и против ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. За одлуката за разрешување “за“ гласаа и 27 припадници од заедниците кои не се мнозинство. Jанева е разрешена за несовесно, незаконско и нестручно работење.
На пленарната седница не се расправаше за извештајот на Советот на обвинители, туку само за предлогот за разрешување на Комисијата за прашања на избори и имемнувања.
Собранието, одлуката за разрешување треба да ја достави до Советот за јавни обвинители. Потоа, Советот треба да свика седница за да се констатира разрешувањето на Јанева.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.