Со 3 кафиња дневно: Спречување на Паркинсонова болест, рак и болест на коските!

Ако одлучите да престанете да пиете кафе тоа може да доведе до сериозни промени во вашето тело. Еве како вашето тело ќе реагира доколку престанете да пиете кафе еден месец.
1. Ќе изгубите килограми
Научниците докажаа дека дневната доза на кофеин која се наоѓа во кафето, газираните пијалоци и чајот може да го зголеми нивото на шеќерот во крвта за 10 проценти. Дури и ако не додавате млеко, шеќер или шлаг во кафето, овој напиток самиот по себе може да содржи и до 200 калории.
2. Постојано ќе чувствувате глад
Кафето го намалува апетитот. Доколку се откажете од пиење кафе, тогаш редовно ќе доручкувате што значи дека вашето тело секое уто ќе добива многу повеќе енергија. Само треба да се потрудите секое утро да јадете солен оброк, а не благ. Никогаш немојте да го заменувате кофеинот со слатко, без оглед колку сето тоа му е потребно на вашиот организам.


3. Ќе спиете многу подобро
Кога кофеинот ќе излезе од вашиот организам тогаш ќе спиете без никакви проблеми. А верувале или не, будењето ќе ви биде многу полесно.
4. Ќе имате главоболка
Класичната криза која се појавува поради недостаток на стимулансите на кои е навикнато вашето тело, резултира со голема главоболка. Кога ќе престанете да пиете кафе башето тело го лишите од адреналин и допамин, хормоните кои што ве држат будни. Нив ги заменува аденозинот, хормонот кој што е одговорен за заморот.


5. Ќе се разболите
Кога ќе престанете да пиете кафе тогаш ќе се појави депресијата, раздразливоста, главоболката и несоницата, вртоглавица и симптом на грип. Меѓутоа оваа криза трае трае два дена додека целиот кофеин не се исчисти од организмот.
6. Поубава насмевка
Кафето е кисело, а нејзината кисела PH- вредност ја уништува забната глеѓ. Затоа штом престанете да пиете кафе ќе имате многу поубава насмевка.
7. Губите антиоксиданси
Кафето е еден од главните антиоксиданси. Бројни студии докажаа дека пиењето на 3 шолји кафе дневно го спречуваат појавувањето на ракот, Паркинсонова болест и разни болести кои можат да ги зафатат коските. Доколку сакате да се откажете од кафето тогаш во вашиот организам внесувајте повеќе овошје, зеленчук и чаеви.
8. Концентрацијата ќе се промени драстично
Оние кои престанале да пијат кафе приметиле дека не можат да се сконцентрираат и дека се многу повеќе изморени. После една недела овие симптоми исчезнуваат.
9. Ќе дојде до поспора работа на метаболизмот
Кафето е многу познат диуретик. Недостатокот на утринското кафе може да доведе до затворање. Тоа можете да го решите преку повеќе вежбање, пиење многу повеќе вода.
10. Ќе бидете помирни
Срцето нормално чука, мозокот работи полека и темелно. Ако со месеци чувствувате нервоза и забрзан пулс можеби е вистинско време да се откажете од кафето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.