Со 5.000 евра казнет сторителот кој го исече дрвото пред ТЦ „Мавровка“

Со 5.000 евра казнет сторителот кој го исече дрвото пред ТЦ „Мавровка“

Лицето кое го исече дрвото пред трговскиот центар „Мавровка“ е казнето со 5.000 евра, објави на својот фејсбук профил градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

„Во ова време, невреме, успеавме со скромните градски видео можности да го идентификуваме лицето кое што бесправно ги исече дрвата пред Мавровка“, напиша Шилегов на Фејсбук.

Претходно, на 30 март од Фејсбук страницата на Град Скопје соопштија дека пред деловниот објект „Мавровка“ од непознат сторител е исечено едно здраво дрво.

„Крстосницата кај Судска палата е една од најзагадените точки во градот, а дрвото е исечено без одобрение од надлежните градски служби. Градските комунални инспектори го истражуваат случајот и сторителот ќе биде казнет“, стои во објавата на Град Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.