Вчера заврши големото финале на „Ѕвездичките на Пинк“, а нашата Антониа Гиговска за жал не победи и го заврши натпреварувањето уште во вториот круг.
Во супер финалето таа се претстави со две песни кои звучеа одлично.
Таа прво се претстави со евровизиската песна „Proud“, а потоа и со песната „I’ll Never Love Again“ од оскаровскиот филм „A star is Born“.
Победник на ова шоу е Сергеј Пајиќ, а во продолжение погледнете го и неговиот настап.