Спанковците се поинтелигентни и посреќни од ранобудниците

Луѓето кои тешко стануваат од кревет наутро се попаметни, покреативни и посреќни од луѓето кои се ранобудни.

Оваа теза ја потврди истражувањето на психологот Сатоши Каназава од Лондонскиот факултет за економија. Каназава објаснува зошто времето на будење е знак на интелигенција.

Веќе подолго време, на мобилните телефони постои опција за одложување на алармот, но се смета дека на телото му е потребно време да се прилагоди на тоа.
„Кога го притискате копчето snooze, вашата инелигенција е супериорна во однос на интелигенцијата на вашите врсници“, вели Каназава.
Истражувањето покажало дека слушањето на својот биолошки часовник наместо слепото следење правила ја развива способноста за следење на сопствените страсти и интереси, поради што тие личности се покреативни и независни.
„За разлика од другите цицачи, луѓето ја имаат таа единствена способност да го надвладеат внатрешниот биолошки часовник. Човекот може да одлучи кога ќе си легне и кога ќе стане од кревет, односно дали ќе биде ноќна птица или ранобудник“, објаснува Сатоши Канази, коавторка на истражувањето.

Психолозите ги анализирале податоците за социоекономскиот статус на 1.229 лица и откриле јасна поврзаност – луѓето кои си легнувале по 23 часот и стануваат по 8 часот наутро обично заработуваат повеќе и водат поквалитетен живот, поради што се посреќни.
Меѓутоа, треба да се има на ум дека и премногу спиење не е здраво. Препораката на експертите е седум до девет часа непрекинат ноќен сон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.