недела, 29 ноември 2026
Најново

Спасени четворицата завеани од снег на Пелистер

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Освен сообраќајни првиот годинешен снег на Пелистер им направи огромни проблеми и на четири лица кои останаа завеани во битолското село Горно Ореово. За среќа се се заврши добро. Тие утринава биле спасени од припадници на Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување.
-По тешките околности на патот и соодветно пребарување на теренот четирите лица беа пронајдени вознемирени, во паника и неизвесност. Од страна на вработените во ДЗС на лицата им беа дадени топли напитоци, а потоа, истите беа преземени и безбедно вратени во Битола, информираат од ДЗС.
Акцијата за пронаоѓање и спасување започнала веднаш по добивањето на информацијата и траела до 6 часот изутринава.

Поврзани вести