Спасени четворица рибари од албански брод

Траектот кој сообраќа на релација Бриндизи-Валона успеа да ги спаси четворицата рибари од албански рибарски брод кој потона во близина на островот Сазан, во водите на Јонско Море. По четири часа на отворено море рибарите успеале да останат над вода благодарение на пластична боца.
Во два часот по полноќ сигнал за помош бил испратен од бродот “Васили ЛН“ , по што чамци на крајбрежната стража веднаш почнале со контролата и пребарувањето на делот каде што потонал бродот и околината, но, рибарите не биле пронајдени. Утрово околу шест часот, Капетанијата од пристаништето Валона добила известување дека од траектот кој сообраќа на релација Бриднизи-Валона, на оддалеченост од околу шест милји од островот Сазан биле забележани четворицата рибари К.К.(65), М.Н(54), Е.Н(20) и М.Ј.(19), а потоа и извлечени од водата. Според лекарите од Регионалната болница во Валона, четиричлениот екипаж на бродот е во добра здравствена состојба.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.