Спасено дете во Петриња, најмалку седуммина загинати во земјотресот

Британската телевизија Скај Њуз ја емитуваше веста за земјотресот со епицентар на околу четириесет километри југоисточно од Загреб, со најмалку седуммина загинати , десетици повредени и значителна штета како главна вест во етерот.


Оваа телевизиска станица продолжи да ја покрива ситуацијата во Хрватска, а потоа објави и шокантно видео од спасување на момче кое било затрупано во автомобил заедно со неговиот татко.
Момчето и неговиот татко биле извлечени живи од автомобилот. За жал, според последните информации, загинале најмалку седум лица: 12-годишно девојче во Петриња и 20-годишно момче, неговиот дедо и татко и син од иста куќа во Мајске Полјане кај Глина. Уште едно лице загинало во урнатата црква во местото Жажине. Едно лице се бори за живот.
Скај Њуз известува и за изјавата на градоначалникот на Петриња, Дарик Думбовиќ, дека неговиот град е „целосно уништен“
„Ова е како Хирошима“, додаде Думбовиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.