Лице кое се давело во водите на Дојранското езеро вчера било спасено.
Од Центарот за управување со кризи велат дека околу 11 часот добиле пријава за лице кое е паднато од чамец и се дави некаде на средина од Дојранското Езеро.
-Веднаш е известена ПС Гевгелија, Гранична полиција која беше на терен, веднаш итно интервенираше и го извлече, го спаси лицето кое е здраво и живо, велат од ЦУК.
Извлечен бил и чамецот на лицето.