Спасовски: Денот на гласање ќе мине мирно, непречено и достоинствено (ВИДЕО)

Министерството за внатрешни работи е целосно подготвено да обезбеди достојна и безбедна атмосфера, во која што секој наш граѓанин ќе може да си го оствари своето свето избирачко право, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќање до граѓаните во пресрет на гласањето за претседателските избори.
Подготвени сме, истакна Спасовски, одлучно и бескомпромисно да го превенираме секој обид за нарушување на избирачкиот процес независно каде или од кого. Бидете сигурни дека законите и граѓанската волја ќе бидат целосно испочитувани.
– В недела секој од нас има можност да го искористи своето уставно право, суверено и самосвесно да одлучуваме за нашиот сопствен избор. Министерството за внатрешни работи, согласно своите надлежности го следи целиот изборен процес, а се со една единствена цел – денот на гласање да мине мирно, непречено и достоинствено како што прилега на едно демократско и слободно општество, нагласи Спасовски.
Како што укажува тој, во изминатиот период полициските службеници минале низа плански активности за квалитетно и ефикасно набљудување, и обезбедување на севкупниот изборен процес од неговиот почеток до неговиот крај.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.