За време и по менопаузата, хормоните здивуваат и за да ги држат под контрола, жените обично посегнуваат по лекови. За да го избегнете тоа, обидете се со овие 3 целосно природни решенија. Ако ги пиете редовно, ќе ги регулирате сите хормонални промени што се појавуваат со текот на годините. Овие три пијалаци го регулираат лачењето на хормоните.
Спас во текот на менопаузата: 3 природни пијалаци што ја регулираат работата на хормоните
1. Топла вода со лимон
Лимонот влијае на хормонот лептин, кој, кога не е во рамнотежа, предизвикува формирање масните наслаги. Топлата вода со лимон ќе ги отстрани сите токсини од телото и ќе го подобри варењето на храната.
Начин на подготовка: исцедете половина лимон во чаша топла вода и испијте ја наеднаш. Утрото ќе ви започне подобро со помош на овој пијалак.
2. Чај од листови од малина
Листовите од малина се користат уште од античко време за зајакнување на мускулите на матката. Научните истражувања потврдуваат дека ова растение има корисен ефект врз работата на сите хормони.
Начин на подготовка: Прелијте една лажица лисја од малина со 200 милилитри врела вода и оставете да отстои 10 минути. Не пијте го овој чај пред спиење, туку во текот на денот.
3. Млеко и куркума
Оваа мешавина се нарекува и златно млеко и брзо ги враќа хормоните во рамнотежа, освежува и смирува, ја подобрува циркулацијата и има позитивен ефект врз целото тело. Најголем ефект има врз метаболизмот на естрогенот.
Начин на подготовка: Додајте половина лажичка куркума и една лажичка кокосово масло во 200 милилитри жешко млеко. Можете да додадете и мед по желба. Овој пијалак е најдобро да го пиете во вечерните часови.