Спектакл во Мадрид, Реал против Јунајтед

Во среда, во фудбалската Лига на шампиони, ќе се одиграат две нови средби од осмина финалето – Реал, во Мадрид, ќе го пречека Манчестер Јунајтед, додека Шахтјор за противник ќе ја има Борусија Дортмунд.Двомечот на Реал и Манчестер Јунајтед е вистинското дерби на оваа фаза, покрај традицијата и ривлаството кое владее помеѓу овие два клуба, во центарот на вниманието ќе биде и Кристијано Роналдо.Португалецот за прв пат ќе заигра против поранешниот клуб, во кој се стекна со фудбалска слава, Роналдо пред три ипол години за рекордни 94 милиони евра од Манчестер се пресели во Реал.Навивачите ширум светот ќе можат да уживаат во уште една пресметка за Жозе Мурињо и Алекс Фергусон, традицијата во меѓусебните дуели е на страната на португалскиот стратег. Според Мурињо, неговата екипа мора да одигра на највисоко ниво за да оствари позитивен резултат.„Ние ќе се соочиме со врвен тим и мора да одиграме многу квалитетно за да оствариме позитивен резултат. Реал сака да ја освои својата 10 титула во ЛШ“, рекол Мурињо.Неговиот колега Фергусон смета дека бонус за неговиот тиме што во овој дел од сезоната нема повредени играчи и што во мечот влегуваат по добрите резултати во Премиер лигата.„Ова е вистинско време за нас да играме против Реал. Имаме фантастична предност во првенството и можам да сметам на сите играчи“, рекол Фергусон.Искусниот шкотски стратег е убеден дека на првиот меч во Мадрид ќе има погодоци.Натпреварот во Мадрид во сенка го фрла дуелот кој ќе се одигра на „Донбас Арена“ во Шахтјор, каде украинскиот првак ќе го пречека германскиот шампион Борусија од Дортмунд.Двете екипи играа одлично во првата фаза, Борусија го освои првото место во групата во која беа Реал, Ајакс и Манчестер Сити, додека Шахтјор во конкуренција на Јувентус и Челзи заврши како втор во групата.Украинскиот тим во втората фаза од ЛШ влегува ослабен, откако тимот дозволи трансфер на Вилијан, тој во Анжи замина за сума од 35 милиони евра.Голем проблем за Шахтјор може да биде и тоа што поради зимската пауза, играчите подолго време немаат одиграно меч од натпреварувачки карактер.Борусија од друга страна веќе ја загуби титулата во Германија, а во Украина допатува по непријатниот пораз на домашен терен од Хамбургер.Натпреварите во Мадрид и Доњецк ќе започнат во 20:45 часот.
МакфаксВо среда, во фудбалската Лига на шампиони, ќе се одиграат две нови средби од осмина финалето – Реал, во Мадрид, ќе го пречека Манчестер Јунај

Пронајдете не на следниве мрежи: