Американската пејачка одржа фантастичен двочасовен концерт пред повеќе од 17.000 во Комбанк арената, а на публиката и приреди вечер за паметење.
Концертот каснеше повеќе од еден час и во преполната арена полека растеше нервозата, но сепак се се заборави кога пејачката во бел фустан истрча на сцената. Бијонсе настапот го започна со “Run The World”, а обожавателите, од кои многумина, речиси 24 часа кампуваа пред арената со силни овации ја дочекаа својата омилена пејачка.
Следеше големиот хит “End of time“, а публиката беше воодушевена од кореографијата, па продолжи да игра заедно со Бијонсе и нејзините танчари.
„Оваа песна е за вас. Вие ме правите подобра и посилна. Колку и да грешам вие ми давате љубов и сакам и јас да ви вратам “-рече Бијонсе и ја запеа “Flaws and all“, a потоа ги израдува обожавателите во првите редови и се симна во фан питот.
Таа се пресоблекуваше на секои три песни ,а секоја песна беше најавувана со посебна приказна на видео. Публиката цело време ја поздравуваше својата миленичка, го скандираше нејзиното име, а во преполната арена никој не седеше.
Неверојатно перформанси на сцена, неверојатни костуми. Секоја песна имаше своја приказна, а Бијонсе покажа дека навистина е еден од најдобрите вокали во светот.
Фантастичниот настап продолжи со “Why Don’t You Love Me”, кои сите ја пееја хорски со Бијонсе.
„Пресреќна сум што сум во Србија и што турнејата ја започнувам токму во Белград“- порача таа.
Крајот од феноменалниот концерт беше за паметење, после големиот хит „Crazy In Love”, следеше “Single Ladies”, а потоа посветата на покојната Витни Хјустон и песната “I Will Always Love You”, и за крај “Halo”.
После два часа музички спектакл, со совршено озвучение , Бијонсе го зеде српското знаме кое и го додаде некој од публиката и ги поздрави присутните:
„Никогаш нема да ги заборавам вашите лица, и ова феноменално шоу!“Американската пејачка одржа фантастичен двочасовен концерт пред повеќе од 17.000 во Комбанк арената, а на публик