Папата Фрациско на 7 мај ќе ја посети Македонија, а негов домаќин ќе биде претседателот Ѓорге Иванов.
Како што е предвидено папата ќе прошета низ Скопје, а целата церемонија и свечената литурија која треба да трае и повеќе од еден час ќе биде на плоштадот во центарот на градот, пишува порталот “Фактор“.
Според нивните информации, за таму се подготвува посебна сцена, а големиот гостин ќе седи на Столица која во Македонија се изработува само по тој повод. Столицата ќе биде достојна за неговата личност, но доста скромна. Потоа таа ќе остане во Католичката црква во Скопје. За таму, посебно за доаѓањето на папата се прават две нови скулптури, едната на Свети Антон, а другата на Мајка Тереза.