Специјалниот суд во Хаг им го продолжи притворот на Тачи и Весели

Специјалниот суд во Хаг им го продолжи притворот на лидерите на поранешната ОВК, Хашим Тачи и Кадри Весели, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.Во образложението на решението е наведено дека советот констатирал дека доколку тие бидат ослободени, постои ризик да побегнат или да влијаат на сведоците и да се мешаат во работата на судот, пренесува онлајн весникот „Репортери“.Тачи и Весели се во судски притвор во Шевенинген од ноември 2020 година, кога беа уапсени на Косово.

Пронајдете не на следниве мрежи: