Спиев со 12.700 жени!

Холивудскиот заводник и еден од најзгодните “примероци” меѓу живите актери се пофали дека во кревет однел повеќе од 12.000 жени, и како со години, не сметајќи ги “одвреме-навреме групниот секс и украдените бакнежи” секој ден спиел со друга жена.

Ворен Бити, кој на својот список меѓу илјадници анонимни убавици има и многу познати жени, невиноста ја изгубил на 20 години, а во наредните 35 менувал една партнерка дневно. Актерот своите сексуални подвизи ги опиша во автобиографијата која сега ќе излезе под наслов “Ѕвезда: Како Ворен Бити ја заведе Америка”.

Кој троши повеќе калории за време на секс?

Бити во 1992 година се ожени со актерката Анет Бенинг, а пред тоа беше во врска со Џејн Фонда, Џоан Колинс, Џенис Дикинсон, Џули Кристи, Натали Вуд, но и со Мадона. Меѓутоа, на новинарите најпозната им е онаа со Џоан Колинс, која раскажа дека Бити за неа бил “преголем залак” и напорен љубовник со кој не успеала да одржи чекор во кревет. Тој се фалеше дека со Џоан водел љубов и по седум пати на ден, што таа го искоментира со зборовите: “Тој можеби водеше љубов, но јас само лежев”.

ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ: ЕВЕ КАКВИ ГРАДИ МАЖИТЕ САКААТ НАЈМНОГУ

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.