Спиете подолго од 8 часа? Веднаш посетете лекар

Доколку секој ден спиете повеќе од осум часа, треба да го посетите вашиот лекар. Новото истражување покажува дека ако спиете премногу, може да имате сериозни проблеми со срцето.
Студијата која е објавена во европското списание „Срце“, покажала дека луѓето кои спијат подолго од осум часа дневно имаат поголеми шанси да починат како последица од срцеви заболувања или затнување на крвните садови, за разлика од оние кои во просек спијат од шест до 8 часа.
Истражувањето било спроведено на 116.000 испитаници, на возраст од 35 до 70 години во 21 држава.


По осум години, колку што траело истражувањето, починале 4.365 лица кои имале сериозни срцеви проблеми, пренесува Индипендент.
-Сонот е неопходен за здравјето на човекот, а просечно секој човек го минува третина од денот во спиење, наведуваат научниците.
Во споредба со лицата кои процечно спиеле од 6 до 8 часа, оние кои спиење осум или 9 часа имаа дури 5 проценти поголеми шанси да развијат некои кардиоваскуларни болести.
Луѓето кои просечно спијат 9 или 10 часа имаат 17 отсто повеќе шанси да развијат срцеви заболувања. Спиењето над 10 часа драстично го зголемува овој процент на 41 отсто.
Секако, не е добро, ниту здраво, ако спиете помалку од 6 часа бидејќи и во случај ризикувате кардиоваскуларни заболувања од 9 проценти.
Заклучокот на студијата е дека оптимално би требало да спиете од шест до осум часа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.