Спире со сите сили за Мицко се бореше, ама Мицко и тебе те избања а?

Денес ударна вест беа новиот бран на апсења. Овој пат за органзирање на крвавиот четврток. Одреден е притвор за поранешните високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески. Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, кој претходно беше приведен, од судот замина бидејќи се повика на пратеничкиот имунитет. Покрај овие тројца, се трага и по уште две лица кои се во бегство, Никола Груевски кој е во Будимпешта и Никола Бошковски, кој пак е во Атина. Обвинителката Вилма Рускоска изјави дека барањето за притвор е поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и попречување на истрагата. Тоа е официјалниот дел на приказната, а неофицјалниот?
Едно прашање до Спиро Ристевски?
Му местеше конгрес на Мицко веќе познат во јавноста како Фолк Фест Валандово со уште двајца тројца исто јаки политичари и визионери како тебе. Идевте по делегатите и координиравте. Не дозволивте никој друг да биде на ливчето освен тој што мислевте дека ви одговара и со сила го ставивте претседател на ДПМНЕ пошто демократија и избор у партија демократски е за идиоти нели? Нормално после ваквиот успех и прославивте. Пошто нели, најачи сте! Најкурнази!
А, Мицко ви се заблагодари многу брзо после тоа. Ве пушти сите низ вода. Кој избрка, кој го исклучи од партија, кој го натера сам да си отиде. Го гледаме сега држи некои бледи прес конференции, у превод млати празна слама. Зафатен е со тета Гога Сорос да ја направи Претседател на РМ. Како стои работава ништо нема да направи сега он за вас.  Дури и му одговара што ве расчистија. Сега ВМРО ДООЕЛ е на Бранко Црвенковски идолот на Мице. Ве избања или грешиме?
Гледам почна и ти Спиро писма да му пишуваш. Ти одговори?
За политика изгледа повеќе далековидост требало да имаш од залижана фризура, раскопчана кошула и силна, смешна имитација на идолот. Како беше, каменот од блиску доаѓа. Вие изгледа сами сите си ја расцепивте главата а?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.