Спиритуален секс за подолготрајно уживање

Сексот не мора да биде исклучиво телесно искуство. Книгите како што е “Кама Сутра” всушност многу повеќе се концентрираат на спиритуалното уживање отколку на она по што најмногу ги знаеме – сексуалните пози. Спиритуалниот секс повеќе се насочува кон допирите и изливите на нежност отколку на самиот чин

Физичкиот секс е нешто што може да трае само неколку секунди. Додека целокупното искуство може да трае со часови. За тоа служат сите оние пози од индиската еротологија. Еве неколку трикови:
1. Заземете удобна поза, свртени лице кон лице прегрнати или со нозете обвиткани еден околу друг.
2. Милувајте го партнерот со контролирани движења, дури и во текот на самиот однос.
3. Фокусирајте се на допирите, прегратките и милувањата.
4. Запомнете дека нагласокот не е на сексуалната стимулација, туку на изразувањето нежност.
5. Одржувајте контакт со очите бидејќи тој ја зголемува поврзаноста.
6. Дишете заедно. Дишењето во ист ритам создава поголема интимност.
7. Фокусирајте се на внатрешните чувства, сопствените и оние на партнерот.
8. Створете време за интимност. Ништо не треба да се прави на брзина.

Повеќе текстови на оваа и слични теми

прочитајте на ПУЛС24 тука!!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.