Спирос Данелис, “Господин 151“ исклучен од “Потами“

Пратеникот Спирос Данелис денес е исклучен од партијата, го извести грчкиот Парламент лидерот на опозициската „Потами“, Ставрос Теодоракис. Оваа одлука, како што вели тој, ја донел по синоќешната изјава на Данелис дека ќе гласа за доверба на Владата на Алексис Ципрас, со што “Потами“ не се согласува.
Грчките медиуми кои Данелис го нарекоа и „Господин 151“ пишуваат дека со својот глас тој и обезбедува мнозинство од 151 пратеник на Владата за гласањето кое треба се реализира утре вечер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.