Сплит се прости од својот капетан Оливер: Овие 10 фотографии ќе ве наежат

Сплит на величествен начин се прости од музичката легенда Оливер Драгојевиќ и го испрати на неговото последно патување кон Вела Лука, на Корчула каде денеска ќе биде погребан.
Катамаранот, на кој беше сандакот со телото на Драгоевиќ беше испратено со десетици бродови, а граѓаните со факели на пристаништето му кажаа збогум на „капетанот“…
На комеморацијата во Сплит вчера, покрај семејството и пријателите, присуствуваше и целиот хрватски државен врв со премиерот Андреј Пленковиќ и претседателката Колинда Грабар Китановиќ. Последна почит на човекот кој со децении беше еден од најголемите музичари во Хрватска и на Балканот му оддадоа и голем број колеги, како Џибони, Дорис Драговиќ, Северина, Тони Цетински, Тончи Хуљиќ, Јелена Розга, Данијела Мартиновиќ, Петар Грашо…
И навивачката група „Торцида“ му оддаде почаст на Драгоевиќ. Тие на последното испраќање дојдоа со бели кошули, запалија 71 бенгалка, колку пто години имаше Оливер, а од ѕвоникот на Свети Дује навивачите развеаја огромна слика од пејачот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.