Според данските научници, постарите мајки се подобри мајки

Според едно истражување од Данска, психолошката зрелост на постарите мајки има позитивно влијание врз развојот на децата.
Според данските научници, постарите мајки се подобри мајки
Истражувањето исто така покажало и дека постои помала веројатност постарата мајка да го казни своето дете за време на воспитувањето и дека овие деца, на возраст од 7 до 11 години, имаат помалку социјални и емоционални тешкотии.


Истражувачите го проучувале односот на 4.714 мајки и нивните деца, а резултатите покажале дека предностите од постарата мајка се видливи до адолесценцијата. Децата на постарите мајки биле и вербално и социјално поспособни за разлика од нивните врсници со помлада мајка. На ова не влијаел социјалниот статус, образованието и другите слични фактори.
„Знаеме дека луѓето стануваат ментално пофлексибилни со текот на времето и се потолерантни кон другите и се емоционално позрели. Овој начин на воспитување може да има позитивно влијание на психосоцијалната околина на детето“, изјавил авторот на истражувањето, Дион Сомер.
Резултатите покажале и дека постарите жени подобро напредуваат на почетокот од мајчинството, бидејќи се помалку загрижени и имаат попозитивен став за родителството и децата.
Иако во истражувањето не е наведена точната возрасна граница за постарите мајки, сличните истражувања ги дефинирале како жени постари од 35 години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.