Според пророштвото на баба Ванѓа 2020 нема да биде добра година: Предвидува 3 три природни катастрови, обид за убиство и болест друг светски лидер

Познатата слепа пророчица, Вангелија Димитрова Гуштерова, попозната како Баба Ванѓа починала во 1996-та година, а тоа што го предвидела за животот нè тера малку да размислиме.
Позната и како „Балканскиот Нострадамус“ наводно ги предвидела цунамито во источна Азија во 2004-та година, нападите на 11-ти септември 2001-та година па дури и појавата на Исламската држава.
Според пророштвото на баба Ванѓа, во 2020 Пакистан, Кина, Јапонија и Алјаска ќе бидат погодени од голем воден бран. Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтер ќе ја погоди Азија наредната година, па според нејзините предвидувања ќе има голем број на жртви.
Според предвидувањата на баба Ванѓа, судбината на британскиот народ че биде позната идната година. Имено, во 2020 ќе се реши прашањето околу Брегзит, а Европа ќе биде погодена од економска криза.


Ако бидат точни нејзините предвидувања, рускиот претседател Владимир Путин ќе се најде во смрттна опасност. Имено, во 2020 година член на неговото обезбедување ќе се обиде да го убие Путин.
Меѓутоа, се чини во следната година не е само Путин тој што ќе има проблеми. Американскиот претседател Донал Трамп, како што предвидува баба Ванѓа би можел тешко да се разболи. Тој ќе страда од зуење во ушите, ќе ко мачат силни болки и губење на слухот.
Инаку, баба Ванѓа родена е 1911 година во Македонија како Вангелија Пандева Димитрова. Таа како дете го изгубила видот, меѓутоа тој настан наводно и овозможил да ја предвидува иднината. Додека некои не веруваат во нејзините пророштва други тврдат дека го предвидела доаѓањето на некои од најмоќните луѓе на денешницата Владимир Путин и Доналд Трамп, но природните катастрофи кои го одбележаа 20. и 21.век.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.