Според СЗО Африка може да стане ново жариште на пандемијата
Би-Би-Си пренесе дека во Африка во текот на минатата недела дошло до драстично зголемување на бројот на новозаразени. На овој континент досега се регистрирани 18.769 случаи на заразени, 4.385 пациенти се излекувани, додека 972 лице до сега почина.
Директорката на СЗО за Африка изјави дека Африка нема капацитети за лекување на голем број пациенти. Нема нити доволен број на респиратори. На тој континент постои опасност од брзо ширење на болеста во пренаселените подрачја каде не е можно да се почитуваат мерките за социјално дистанцирање. Познато е дека и голем дел од жителите немаат нити основни животни и хигиенски услови.
На мапата погоре најновата статистика.
Пронајдете не на следниве мрежи: