Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија ќе има нов сопственик.
Според информациите на СпортМанија, од денеска, 07.10.2024-та, по предходно потпишан договор,заверен со нотарски акт UZP 6630/2024, од страна на новиот сопственик Атила Бижен Жалили превземени се 85% од акциите на АД ФК Вардар-Скопје, а со тоа и управувачкиот пакет на друштвото.
Следи финансиска, организациона и резултатска консолидација на ФК Вардар, кој моментално е на претпоследното место на табелата во Прва лига со само седум освоени бодови од девет одиграни мечеви.
Извор: СпортМанија