Спојте го и неспојливото: Вкусови што (не) треба да се мешаат

За вкусовите не треба да се расправа, но има некои комбинации на храна и напитоци кои се неизводливи, а сепак ги правиме. Во продолжение прочитајте само за дел од чудните комбинации на храна и напитоци кои некои луѓе ги обожуваат.
Спојте го и неспојливото: Вкусови што (не) треба да се мешаат
Чоколаден крем и помфрит
Слатко-солена и навидум неспојлива комбинација. Солта го подобрува вкусот и на тој начин ја зголемува перцепцијата за сладост во храната.
Кога мислите на оваа мешавина, помислете на спој од чоколадо и морска сол.
Кремот можете да ја замените и со чоколаден милкшејк.
Чили во прав и овошје

Оваа слатко-лута комбинација на храна е популарна во Латинска Америка. Лутиот зачин и топлината ја зголемуваат сладоста на овошјето.
Можете да пробате чили со лубеница, манго, ананас, кокос, папаја, портокал или диња.
Кисели краставички и чедар сирење
Во Велика Британија оваа комбинација на храна е омилена. Трикот е во тоа да користите старо чедар сирење кое ќе ги намали горчината и солениот вкус на краставичките.
Ставете ги овие две намирници на парче леб и направете сендвич или ставете само краставички врз вашето чедар сирење за брза закуска.
Спојте го и неспојливото: Вкусови што (не) треба да се мешаат
Кавијар и бело чоколадо
Малата количина сол во белото чоколадо ќе го засили неговиот вкус и ќе го ублажи неговиот сладок вкус, затоа белото чоколадо може да се комбинира со солени состојки, а комбинацијата од кавијар и бело чоколадо е многу вкусен спој.
Кафе и портокал
Обично пиете сок од цеден портокал и кафе одделно пред појадокот, но ако додадете малку сок од портокал во вашето кафе, ќе добиете слатко-горчлива комбинација која ќе има совршен вкус.
Сланина и џем
Оваа комбинација има слатко-солен вкус, а откако ќе ја пробате, ќе жалите што не сте ја пробале порано.


Испржете две парчиња сланина, ставете ги помеѓу две парчиња леб и намачкајте со омилениот џем.
Или натопете парче сланина директно во џемот и засладете се.
Спојте го и неспојливото: Вкусови што (не) треба да се мешаат
Џин и малини
Ставете малку малини во вашиот џин-тоник и уживајте во овој освежителен пијалак со сите ваши сетила.
Кисели краставички и сладолед
Солта од киселите краставички е неопходна за циркулација на крвта и за метаболизмот, а шеќерот и мастите од сладоледот ќе ви овозможат брзо снабдување на организмот со енергија.
Кечап и темно чоколадо
Темното чоколадо во себе содржи нота на домат, така што оваа комбинација само ќе го засили вкусот и ќе го направи чоколадото уште повкусно. Двете намирници содржат арома на коријандер, благодарение на молекулите линалол, така што кога овие состојки ќе се соеднинат, вкусот станува уште посилен и поубав.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.