Спречен терористички напад во Германија! Поддржувач на ИСИС сакал да убие луѓе на божиќниот панаѓур! Полицијата во последен момент спречила колеж! (ФОТО)

Ирачанецот Али А. (37) е уапсен под сомнение дека планирал терористички напад на божиќниот саем во Аугсбург, соопшти германската полиција.Полицијата соопшти дека Али, барател на азил, бил фатен како го фотографира пазарот како дел од шпионска операција. Тој, исто така, претходно го привлече вниманието на властите со своите објави на социјалните мрежи во кои ја велича ИСИС.
Iraker soll Anschlag auf Augsburger Weihnachtsmarkt geplant haben https://t.co/3C5egi1ioZ pic.twitter.com/Ad6xP02qdi— WELT (@welt) December 5, 2024
Информациите за интернет активностите на уапсениот дојдоа од безбедносните служби. Полицијата се исплашила дека може да организира напад во маркетот, па превентивно бил уапсен.Осомничениот дошол во Германија на почетокот на 2023 година и побарал азил. Тој сега е во притвор и чека депортација.
German Police Prevent ‘Christmas Market Terror Attack’ After Arresting Iraqi Suspect for ISIS Posts and Explosive Threats in Augsburg#Germany #Terrorism #ChristmasMarket #ISIS #BreakingNews pic.twitter.com/TcAY9XCDXZ— X Headlines (@XHeadlinec) December 6, 2024
Властите во Германија претходно неколку пати спречуваа напади на божиќните пазари. Места како ова се голем безбедносен ризик секоја година. Не е познато колку луѓе досега се уапсени за планирање напади во Германија.

Пронајдете не на следниве мрежи: