недела, 22 ноември 2026
Најново

Спречуваат срцеви болести, дијабетес и потешкотии со варењето: Еве зошто суровите бадеми треба да се најдат на вашата трпеза!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Јаткастите плодови се едни од главните хранливи материи кои ќе донесат повеќекратни придобивки за вашето тело, а органските бадеми се полни со витамини, минерали, магнезиум, витамин Е, калиум, незаситени масти и протеини.
Од сите јаткасти плодови, бадемите содржат најголема количина рибофлавин (витамин Б2) и ниацин (витамин Б3).


Грст бадеми секој ден можат ефикасно да се борат против Алцхајмерова болест, дијабетес, холестерол, кардиоваскуларни заболувања, губење на косата и варење.
По напорниот ден, овие моќни плодови ќе ви помогнат да ја одржите концентрацијата, енергијата, расположението, па затоа треба да не ги прескокнете, а најдобриот избор се суровите бадеми.
Тие содржат манган кој помага во производството на колаген, протеини одговорни за тонот на кожата, како и витамин Е, антиоксиданс кој помага во борбата против првите знаци на стареење.

Поврзани вести