Срамота: Државата бара професорот Калајџиев да плати данок за патни трошоци, ја претставувал државата на конференција про боно!

Професорот по кривично право Гордан Калајџиев, на социјалните мрежи објави дека добил две решенија за оданочување на дневници и патни трошоци од 2020 година.

„Деновиве добив не едно, туку две решенија за оданочување на дневници и патни трошоци како „доход“ за далечната 2020 год. Ако е празен буџетот да ви дадам на заем?!“, напиша тој.

Тој објаснува дека државата го пратила како експерт во меѓународна организација за што работел про боно, а сега му наплаќа 10 проценти од трошоците што Советот на Европа му ги вратил за патните трошоци“. Поточно, како што објаснува во коментарите, тој не добил дневница, туку покритие за направените трошоци како што се храна и превоз. Тоа е и неговиот одговор на коментирате под неговиот пост на фејсбук профилот дека тој како професор треба да знае дека дневниците подлежат на данок на личен приход.

Пронајдете не на следниве мрежи: