Срамота е луѓе кои ни го одземаа името и ни ја избришаа историјата, да се повикуваат на народот и на европски одлуки

Навистина е чудно како после пет години самотија таму на планината Водно некои луѓе не се запрашуваат дека одземјаќи ни го името, загрозувајќи ни го идентитетот, бришејќи ни ја историја со постојаната измена на преамбулите, како да сакаат да не вратат 100 години назад. Наместо да се срамат од тоа, тие уште се повикуваат на вас, дека да не бил народот нема да посегнале по тие храбри, европски одлуки

Кога посетувам некои градови низ Македонија, како Кичево, Струга, па и Струмица, имам сериозен проблем. Асоцијацијата ми е на некои феуди, на некои фамилии што поседуваат градови и се плашам дека тоа ми личи на нешто што денеска економистите и политиколозите го нарекуваат опасност од рефеудализација. Тоа значи дека не само власта, туку и богатството се концентрира во една многу мала група на луѓе од неколку семејства кои се однесуваат како феудалци, изјави вечерва во Струмица кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Според неа, потребно е мандатот на градоначалниците да се ограничи на најмалку два.

„Можеби ќе ми се лути некој, иако претседателот не е надлежен за тоа, во некоја идна измена на Законот за локална самоуправа, нека не ми се лутат градоначалниците, треба да се ограничи мандатот на најмалку два. Зошто има градови каде што замислете како Кичево од 2001 до денеска еден го владее градот. Локалната демократија е многу важна и реформите е важно да почнат на локално ниво“,

порача Силјановска-Давкова.

Имам впечаток, додаде таа, дека сегашниот претседател толку многу општини поминува во текот на денот што химната изгледа како подолга од неговите говори.

„Веројатно затоа, знаете што правеа, ја кратеа химната многупати, не само за да завршат порано со говорите туку и да бидат во хармонија со должината на времето, бидејќи од една страна немаат што да кажат, немаат со што да се пофалат, па затоа немаат ниту извештај ниту отчет и некако се лути. Замислете наместо граѓаните да изразат лутина, тие пред нив им велат дека ако не гласате за мене, јас нема да ве посетам. Немам зборови. Сите ние треба да се запрашаме од кого ни извира легитимитетот, да се запрашаме зошто не се за нас, да ветиме дека што и да се случи вие граѓаните ќе останете најпочитуваните. За мене верувајте ми, и патот до успехот е исто толку важен колку и успехот. Бидејќи патот е невозможен без средби со вас“,

рече кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Срамота е, додаде Силјановска, луѓе кои ни го одземале идентитетот и името, да се повикуваат на народот и да велат дека без луѓето немале да посегнат по храбри одлуки.

„Навистина е чудно како после пет години самотија таму на планината Водно некои луѓе не се запрашуваат дека одземјаќи ни го името, загрозувајќи ни го идентитетот, бришејќи ни ја историја со постојаната измена на преамбулите, како да сакаат да не вратат 100 години назад. Наместо да се срамат од тоа, тие уште се повикуваат на вас, дека да не бил народот нема да посегнале по тие храбри, европски одлуки. Народот не им верува и замислете сега анкетите не важеле, не биле вистински, биле фалсификувани. И, сега замислете, не се релевантни анкетите, ама не презентираат ни анкети порачани од нив и изработени од било кои квалификувани анкетни организации. Срамота! До таа мерка да се релативизира сè, па дури и науката не е во ред. Срамота е кога професори и интелектуалци шират вакви невистини. А што велат анкетите? Тие велат дека над 70 отсто од граѓаните јасно тврдат дека оваа власт чекори во погрешен правец“,

истакна Силјановска пред струмичани.

Таа додаде дека се срами да живее во држава во која народот се смета за еден од најнесреќните.

„Има причини за среќа, јас имам надеж за среќа, ама најпрво треба да ја тргнеме таа несреќа. Тие се несреќа во економијата, во политиката, во образованието, во науката, во социјалната заштита. Да тие се најсреќните луѓе ама меѓу најнесреќниот народ“,

децидна беше Силјановска.

Пронајдете не на следниве мрежи: