Србин обвинет за убиство на сопругата е пронајден мртов во затвор во Флорида

Српскиот државјанин Давид Кнежевиќ (37), обвинет за убиство на неговата сопруга Ана Кнежевиќ, беше пронајден мртов во својата ќелија во затвор во Мајами, Флорида. Неговиот адвокат изјави дека постои сомневање за самоубиство.

Кнежевиќ беше пронајден мртов во својата ќелија во понеделник, а неговата адвокатка, Џејн Вајнтрауб, изјави дека ФБИ ја истражува смртта на нејзиниот клиент. Таа додаде дека го видела Кнежевиќ во неделата, кога го посетила во затвор со друг адвокат.

„Како и секогаш, тој беше многу пристапен и љубезен. Скршени сме од веста. Искрено се надеваме дека ќе се спроведе соодветна и брза истрага“, рече адвокатот, како што објави „Мајами Хералд“. Кнежевиќ е обвинет за киднапирање и убиство на својата сопруга, Ана Кнежевиќ Хенао, минатата година во Мадрид. Нејзиното тело никогаш не беше пронајдено. Обвинителот се откажа од барањето за смртна казна, но српскиот државјанин се соочуваше со доживотен затвор. Судењето требаше да започне кон средината на јуни.

Семејството на Ана Кнежевиќ изјави дека самоубиството на убиецот на Ана „затвора болно поглавје во нашите животи, поглавје кое беше полно со страв дека правдата можеби нема да биде задоволена. Сега можеби никогаш нема да знаеме каде е телото на Ана. Тоа е сурова последна навреда што можеби никогаш нема да ги најдеме нејзините останки и да го дознаеме целосниот обем на предавството што го претрпе“.

Пронајдете не на следниве мрежи: