Србија ги доби резултатите од испитувањето на млекото во Холандија

Од 48 испитани примероци на српско млеко, 33 ја преминуваат границата на европскиот стандард на дозволено ниво на афлатоксин од 0,05 микрограма на литар млеко.Ова го покажуваат резултатите доставени во среда од страна на единствената референтна лабораторија на Европската унија „РИКИЛТ Вагенинген“ од Холандија.Исто така, два примерока надминуваат 0,5 микрограми афлатоксин, но заради несигурноста на мерењето од 29 отсто, Холанѓаните сметаат дека ниту еден примерок не ја преминува границата од 0,5.Нема информации кои млека се испитувани, туку податоците под шифра се доставени до српското Министерство за земјоделство.Од лабораторијата е наведено дека 31,25 отсто од примероците на млеко од Србија не содржат афлатоксин М1 во вредност поголема од дозволената во ЕУ, а ниту еден во  вредност поголема од дозволената во Србија, објави во среда вечер српското Министерство за земјоделство.Во ЕУ е дозволено 0,05 микрограма афлатоксин по килограм млеко, додека во Србија до 0,5 микрограми.Холандската лабораторија изврши анализа на производите кои се повлечени од продавниците во Србија на 19 февруари.
МакфаксОд 48 испитани примероци на српско млеко, 33 ја преминуваат границата на европскиот стандард на дозволено ниво н

Пронајдете не на следниве мрежи: