Србија ги затвори границите – Вонредна состојба

Србија прогласи вонредна состојба
Србија вчера прогласи вонредна состојба низ целата територија поради епидемијата на коронавирус, а претседателот Александар Вучиќ најави дека одлуката ќе стапи на сила веднаш.
„Одлуката не ја донесовме лесно, затоа што таа се носи во исклучителни околности. Србија денес е во војна против невидливиот злобен противник што нашата земја мора да го победи“, рече Вучиќ.
„Тоа е борба за нашите родители, но и за иднината на Србија“, додаде тој.


Вучиќ кажа дека лица постари од 65 години мора да останат во своите домови.
„Нема да страдаат нашите деца, туку нашите родители и затоа ве молам да не излегувате од дома“, рече тој.
„Се затвора животот за да го зачуваме животот“, кажа Вучиќ.
На српските граѓани нема да им биде забранет влез во земјата, додека на странците ќе им биде забранет. Оние што доаѓаат во Србија ќе треба да останат во карантин 14 дена, додека оние што доаѓаат од ризични земји ќе треба да останат во изолација 28 дена.
Вучиќ најави дека за прекршувањето на овие мерки затворската казна е три години.

Ние спроведуваме истражување на нашата фан страна за тоа како Филипче се справува со оваа криза. Доколку сакате да се произнесете тоа можете да го сторите тука!

МЕРКИ (14.3.2020)

Прочитајте на оваа тема и следново:

Директорката заболена од коронавирус уште пред една недела била пријавена од колеги на кои им се заканила со откази!

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.