Не можете да упатувате детски барања во дијалогот. Белград го прави тоа. Тоа значи дека го сакам ова за себе. Не можеш да поставуваш детски барања, јас сакам, и не гледам што сакаш. Значи, треба да замислите што ќе се случи ако истото ви се случи и вам. Секогаш така треба да се претставува, бидејќи тоа е уште еден начин малку подолго да се елаборира реципроцитетот како здрав принцип на добрососедски односи – рече Курти.
Курти додаде дека ако Србија навистина го сака ЗСО, треба да ја признае независноста на Косово.
– Ако Србија навистина го сака ЗСО, прво што треба да направи е да ја признае независноста на Косово. Ова не ни треба, а тие не го сакаат и не мора да му даваме таков приоритет на тоа прашање – рече Курти.
Курти праша и зошто Србија чекала на власт да дојде најголемиот противник на ЗСО за да го спроведе ова прашање.
– Не можете во дијалогот да барате работи кои не сте спремни да замислите да ги спроведувате во вашиот дом. Политиката е сериозна професија, и муабети и преговори. Дали е вистина дека Србија чекаше јас да станам премиер за да го спроведе тоа? Така чекаа најголемиот противник на ЗСО да го спроведе. Тие не го сакаат ЗСО како вредност за себе, туку како оружје против Косово – рече Курти на седницата на Собранието.